Манчестер Јунајтед постигна договор со Вест Хем за продажба на Џеси Лингард. Самиот играч исто така даде согласност да се приклучи на „чеканите“ и денес ќе отпатува за Лондон, тврди „Скај Спортс“.
Наспроти информацијата од синоќа дека двата клуба не можат да се договорат. Крилниот напаѓач може да дебитира во недела на мечот со Ливерпул во рамките на 21-то коло во Премиер лигата. Англискиот репрезентативец оваа сезона не играше за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, имаше само настапи во ФА Купот и Лига купот.
Договорот на Џеси Лингард со Манчестер Јунајтед беше со важност до летото 2022 година.