Мануел Пелегрини ја има довербата кај упрвата на Вест Хем и покрај неуспешниот старт во англиската Премиер лига. По четири одиграни кола лондончани имаат исто толку порази, по што многумина сметаа дека Чилеанецот ќе се најде под сериозен притисок.
Управата на тимот излезе со соопштение дека тие имаат полна доверба во менаџерот. Тој, пак. ќе мора да ја надмине ова акриза во следниве 15 дена за време на репрезентативната пауза.
По последниот пораз од Вулверхемптон во саботата, многумина очекуваат Чилеанецот да биде првиот кој ќе добие отказ оваа сезона во Премиер лигата. Останува да с евиди настапот на „чеканите“ на дуелот на 16 септември против Евертон.