Јувентус вчера загуби дома од Емполи со 1-0 а камерите го уловија капитенот, Џорџо Киелини, кој во комуникација со тренерот, Алегри, рече -„Ова не е тим“.
Денеска уште еден од играчите на „бјанконерите“ – Леонардо Бонучи, преку социјалните мрежи се осврна на вчерашниот меч кој донесе ново разочарување на фановите на „старата дама“. – Јувентус не е тоа што беше вчера. „Сега е време за работа и постигнување резултати“ – напиша тој.
Јуве по трет пат во последните 52 години нема победа во првите два меча во Серија „А“ откако во воедното коло ремизираше со Удинезе а вчера остана со празни раце по дуелот со Емполи.