Сами Кедира ги исполни најавите и си замине од редовите на италијанскиот фудбалски шампион – Јувентус.
Тој денеска бил во Лондон за да го случи договорот со екипата на Арсенал. Играчот кој има многу трофеи во неговата ризница како на екипен така и на репрезентативен план, сигурно ќе биде големо освежување во средниот ред на „топчиите“. 32-годишниот Кедира за селекцијата на „панцирите“ има одигра 77 мечеви и постигнато седум голови.
Засега не се откриваат детали за трансферот ниту за личните примања на Кедира кој за прв пат во кариерата ќе има можност да настапи во Премиер лигата.