Фудбалерот, Џери Мина, ќе потпише едногодишен договор со Фиорентина. Колумбискиот интернационалец пристигна во Италија со слободен трансфер откако го одработи договорот со англискиот, Евертон.
28-годишниот дефанзивец во изминатите 5 години одигра 99 мечеви за „карамелите“ со ефект од 9 голови и 1 асистенција.
Централниот стопер претходно играше за Палмеирас и Барселона.