Фудбалерот на Фирентина, Франк Рибери, денеска бил опериран во болницата во Германија откако пред речиси две седмици заработи потешка повреда на мечот со Лече во Серија „А“.
Иако лекарскиот тим на „виолетовите“ се обиде да го надмине проблемот без оперативен зафат, очигледно повредата на скочниот зглоб била многу посериозна а самата интервенција неопходна.
Според објавата на калчо-лиггашот, враќањето на крилниот офанзивен играч се очекува некаде во март наредната година. Неговиот тим по 15 кола во Серија „А“ се наоѓа дури на 13-то место на табелата.