Манчестер Јунајтед потпиша договор со голманот Ли Грант од Стоук Сити, соопштија „црвените ѓаволи“. Според британските медиуми станува збор за трансфер со вредност од 1,5 милиони фунти.
Задачата на 35-годишниот Грант е да биде добра резерва на шпанскиот стартен голман Давид де Геа .
„За мене е остварување на сонот да потпишам со клуб како Манчестер Јунајтед. Тоа е можност која несмеев да ја пропуштам. Неверојатно сум среќен што станувам дел од овој голем клуб. Би сакал да останам што е можно повеќе, да се насладувам на мојот престој на „Олд Трафорд“. Ќе дадам се за да помогнам на клубот во претстојната сезона“, рече Ли Грант по неговата промоција од страна на Манчестер Јунајтед.