Дефанзивецот на Италија, Џорџо Киелини, вели дека се остварува сонот на селекторот, Роберто Манчини, кој три години наназад ги „убедувал“ репрезентативците дека можат да бидат европски шампиони.
„Кога ни рече дека треба да размислуваме за титулата ЕП 2020, мислев дека е луд, но, сега сме на еден сантиметар од трофејот “ – призна Киелини кој откри дека е изненаден од елиминацијата на Франција.
„Мислевме дека ќе се сретнеме со Франција а не со Шпанија во полуфиналето. Тие беа големи фаворити затоа што имаат класа и искуство. Мислев дека Франција е едно ниво над другите, замислив дека нашиот пат до финалето ќе биде Белгија, Франција, Англија“ – потенцираше дефанзивецот на Италија.

