Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген , кој пропушти неколку мечеви во почетокот на сезонава, изјави, дека не е загрижен за неговата иднина. 32-годишниот фудбалер чиј договор истекува на крајот на сезоната, се надева дека англискиот тим ќе му понуди нова соработка.
„Свесен сум за мојата возраст, но, се чувствувам прилично млад. Сакам да играм што е можно повеќе . Јас сум многу амбициозен и се надевам дека можам да му дадам уште многу на мојот тим“ – вели Вертонген.
Во екипата на Тотенхем има група од неколку фудбалери што ја реализираат последната сезона од тековните договори. Покрај белгискиот интернационалец во неа влегуваат и Тоби Алдервејлде и Кристијан Ериксен.