Тенисерот од Швајцарија, Роџер Федерер, кој е рекордер со 20 освоени пехари од Грен Слем турнирите, успеа да забележи нов рекорд.
Имено, 38-годишниот ветеран е првиот играч во историјата со 1.000 недели поминати во Топ 30 на светската АТП листа. Еден од најдобрите играчи на денешницата прв пат влезе меѓу најдобрите 30 на АТП листата во октомври во 2000 година и досега остана таму во континуитет.
Федерер може да се пофали со неколку врвни достигнувања, пример, има 103 титули и се наоѓа на второто местo веднаш за Џими Конорс кој има 109. Швајцарецот е рекордер по бројот на поминати недели (310) на челната позиција на АТП листата.