Директорот на фудбалскиот тим Спортинг, Хуго Виана, не верува дека Кристијано Роналдо може да се врати во татковината во текот на летниот трансфер период.
Португалецот не крие дека не е задоволен што нема да игра во Лигата на шампионите со неговиот Манчестер Јунајтед а медиумите упорно шпекулираат дека дури може и да си замине.
.„Мислам дека сега не е можно. Самиот ќе одлучи каде ќе оди. Има уште една година договор, ќе видиме што ќе одлучи “ – изјави Виана.

