Австрискиот ракометен состав, Алпа Хард, ќе му биде противник на Еурофарм Пелистер 2 во првото квалификациско коло во Лигата на Европа.
Првиот меч ќе биде реализиран на 27/28 август додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна во салата – „Боро Чурлевски“ во Битола.
Ќе потсетиме дека првиот тим на Еурофарм Пелистер ќе игра во групната фаза додека Бутел Скопје ќе стартува од второто елиминациско коло.