35 натпревари и 2279 минути на теренот. Ова се бројките зад името на Артуро Видал минатата сезона како играч на Баерн. Оваа сезона, се чини дека Чилеанецот може само да сонува за такво време поминато на теренот во дресот на Барселона.
Видал е доведен во Каталонија со големи очекувања, но тој сè уште е многу повеќе на клупата отколку на теренот. Досега, Чилеанецот одиграа само 176 минути.
Видал, велат извори од клубот, е лут и незадоволен и трпението му е при крај. Со оглед на ситуацијата во која Валверде го преферира младиот Артур, Видал може да побара и трансфер оваа зима, само 6 месеци по доаѓањето во Барса.