Играчот од средниот ред на Баерн Минхен Артуро Видал најави дека е подготвен да замине во текот на летото.
Чилеанецот неодамна наполни 31 години и интерес кон него не недостасува, а тој влегува во радарот на неколку клубови од Серија „А”.
„Имам договор со Баерн за уште една година. Јас сум мирен, бидејќи знам што можам и како играм во важни натпревари. Затоа имам толку многу можности на пазарот, но овојпат не сакам да брзам. Мојот агент ќе ги договори работите. Решив да останам и да бидам добро подготвен за новата сезона. Ако одлучам да го променам тимот, ќе го направам тоа за да одам на место каде ќе се борам за Лигата на шампионите и за титула”, изјави Видал.