Артуро Видал веќе и сигурно може да се смета за ново засилување на екипата на Барселона. Ова синоќа беше водечка вест за водечките италијански и шпански медиуми.
Чилеанскиот репрезентативец кој со една нога беше пред трансфер во Интер, го одложи доаѓањето, откако се појавија информации дека Интер преговара со Лука Модриќ.
Барса ќе плати 30 милиони евра за Видал, кој има договор со Баерн до следното лето. На „Камп Ноу“, Видал треба да го замени Паулињо, кој по Светското првенство се врати во Кина. Видал се очекува да ги мине лекарски прегледи следната недела, а потоа формално да биде претставен како нов играч на каталонците. Тој ќе биде четврто ново засилување за Барселона по Малком кој беше земен од Бордо за 41 милиони евра, Артур (Гремио, 31 милиони евра) и Клемент Ленгле (Севиља, 35,9 милиони евра).