Тренерот на Ле Ман, Патрик Видеира, очекува неговите фудбалери да покажат храбра игра против ПСЖ во денешниот дуел од 1/8 финалето во Купот на Франција.
„ Доаѓа тимот кој го игра најдобриот фудбал вклучително и во Лигата на шампионите. Не сакам да им се тресат нозете на играчите. Тие пишуваат голема историја која ќе остане засекогаш“ – нагласи Видеира.
Ле Ман досега во Купот ги победи Ван (2:1), Сен Коломбан Локмине (4:0), Марман (7:0) и Валенсиен по изведувањето на пенали.

