Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Виеира, Лампард и Фонсека кандидати за местото на Рој Хоџсон
    Фудбал

    Виеира, Лампард и Фонсека кандидати за местото на Рој Хоџсон

    risteBy riste27/04/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешниот тренер на Ница, Патрик Виеира и поранешниот тренер на Челзи, Френк Лампард се главни кандидати да го заменат Рој Хоџсон на клупата на Кристал Палас, објави на Твитер италијанскиот новинар Николо Шира.

    Раководството на Кристал Палас не планира да го продолжи договорот со главниот тренер Рој Хоџсон. Дејли Меил објави дека Лампард и предводникот на Рома, Пауло Фонсека се сметаат за главни кандидати за позицијата тренер на Кристал Палас. Прелиминарните преговори веќе се водат со двајцата тренери.

    Рој Хоџсон на 9 август ќе наполни 74 години, а самиот тој постојано повторуваше дека размислува да стави крај на тренерската кариера. Неговиот договор со Палас завршува на крајот на оваа сезона. Хоџсон ја предводи екипата на Кристал Палас  од 12 септември 2017 година. Оваа екипа има освоени 38 поени на 32 натпревари и е на 13. место на табелата во англиската Премиер лига.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.