Патрик Виеира ја напушти функцијата тренер на Њујорк Сити, за да ја преземе француска Ница, соопштија од американскиот тим. Веста беше објавена дури и на веб-страницата на Манчестер Сити.
„Би сакал да му се заблагодарам на Њујорк Сити за можноста да го тренирам овој огромен фудбалски клуб. Заминувањето од Њујорк е неверојатно тешка одлука за мене и за моето семејство, која не беше донесена нималку лесно”, рече Виеира.
Французинот кој е поранешен играч и капитен на Арсенал ќе работи во Ница со неговите сегашни соработници, Кристијан Латанзио, Кристијан Вилсон и Мет Кук.