Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Жоржињо Вијналдум може да го напушти клубот на крајот на оваа сезона, пренесуваат медиумите во Англија.
Договорот на 29-годишниот фудбалер со Ливерпул е со важност до летото 2021 година, а до денес, двете страни не се согласиле да го продолжат. Ако терминот на договорот не се смени, тогаш Вијналдум може да го напушти тимот ова лето или следната година. Интерес за овој играч има од неколку екипи од Шпанија и Италија.
Сосема е јасно дека Ливерпул не сака да се раздели со еден од своите клучни играчи и ќе се обиде да го продолжи договорот со него. Доколку тоа не успее, клубот ќе постави солидна цена за продажба на Вијналдум. Вијналдум настапува за Ливерпул од 2016 година. Оваа сезона, тој учествуваше на 19 натпревари од англиската Премиер лига, во кои постигна 2 гола.

