Голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викарио посакува враќање во Серија А. Според некои вести на италијанскииот печат, тој е нетрпелив да ја напушти Премиер лигата по три сезони во Лондон.
Според „Газета дело Спорт“, италијанскиот репрезентативец изразил желба да се врати во својата татковина ова лето. Тотенхем поставил цена од 30 милиони евра за да ја осуети можноста за негово заминување, но останува да се види какви понуди ќе стигнат за Викарио.
Сепак, експлицитната желба на играчот да замине би можела да ја намали предноста што ја имаат Спарси и да го олесни постигнувањето договор за заинтересираните страни. Интер и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата додека се подготвуваат за потенцијални промени на позициите. Се очекува „нероаѕурите“ да го загубат Јан Зомер на крајот од сезоната и затоа го гледаат Викарио како идеален наследник.

