Македонската атлетика доби нов историски ден на Национално првенство и Куп натпревар на 10.000 метри кое се одржа викендов.
Двајца наши атлетичари испишаа нови страници во историјата на македонската атлетика, откако покрај Дарио Ивановски кој постави и нов национален рекорд кај сениорите, истото го стори и Дарија Крстевска која победи во категорија на сениорки, но постави нов национален рекорд во категорија на атлетичари до 20 години.
Таа патеката ја истрча за 40:14.11 минути, што е подобрување на националниот рекорд во младинска категорија за над 2 минути и 30 секунди.

