Виктор Моузес ќе се пресели во Кристал Палас за време на преодниот период во јануари, објавија англиските медиуми.
28-годишниот напаѓач се враќа во оваа екипа, каде што играше во периодот од 2007-2010. Кристал Палас ќе му плати на Челзи околу 12 милиони фунти за правата на поранешниот нигериски репрезентативец. Менаџерот на „сините“ Маурицио Сари веќе даде дозвола на крилото да го напушти „Стемфорд Бриџ“. Виктор Моузес е поранешен фудбалер на Виган, а тој исто така помина одредени периоди како позајмен играч во Ливерпул, Стоук Сити и Вест Хем.
Во саботата, Кристал Палас дојде до голема победа од 3:2 како гостин против шампионот Манчестер Сити.

