Легендарниот тенисер, Мац Виландер, вели дека има мали шанси да дојде до пресврт во случајот со Ѓоковиќ и Србинот сепак да се појави на терените во Австралија.
„Ни требаат повеќе информации. Сакам да знам зошто добил медицинско ослободување?. Ми се допаѓа неговата одлука да остане додека не се реши случајот“ – вели Виландер.
„Има мали шанси да настапи на турнирот, не верувам дека локалните политичари ќе се „коцкаат“ пред изборите“ – нагласи Виландер за српските медиуми.

