Голманот на фудбалскиот состав Шефилд Јунајтед, Дин Хендерсон, до прекинот на сезоната беше меѓу тројцата најдобри во Премиер лигата според остварениот ефект и процентот на одбранети шутеви кон неговиот гол.
Хендерсон кој игра како позајмен во редовите на Шефилд, не крие дека сака да брани за Манчестер Јунајтед. Тоа го потврдува и неговиот менаџер, Крис Вилдер.
„Сака да го носи дресот на Манчестер Јунајтед кој е клуб од свестка класа. Сепак треба да знае дека таму разочарувањата ќе бидат далеку поголеми и ќе мора да се носи со нив“-изјави Вилдер.

