Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед ќе му понудат нов договор на Брендон Вилијамс. 19-годишниот лев бек постигна извонреден напредок а клупските газди сакаат да го наградат.
Тинејџерот во моментов добива околу 4.000 фунти неделно, но, неговата плата ќе биде значително зголемена. Вилијамс има одиграно 26 натпревари за првиот тим од кои девет беа како стартер во Премиер лигата.
Неговото деби беше на мечот против Рочдејл во Купот Карабао. Во ноември, тој го постигна првиот гол во професионалниот фудбал. Тоа се случи на средбата со Шефилд Јунајтед (3: 3).