Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Брендан Вилијамс, ќе биде на позајмица во Норвич до крајот на сезоната.
„Канаринците“ ја добија трката со Њукасл и Саутемптон, кои исто така беа заинтересирани за младинскиот репрезентативец на Англија.
„Првпат играм за друг клуб, но навистина сум возбуден. Мислам дека менаџерот ќе ми помогне да се развивам . Имам чувство дека ќе биде добра година” – рече Вилијамс.