Новото засилување на Арсенал Вилијан, кој беше привлечен со бесплатен трансфер од Челзи, рече дека менаџерот на „топџиите“ Микел Артета го убедил дека има план како тимот од Северен Лондон може ја освои Лигата на шампионите во следните три години.
32-годишниот Бразилец, кој потпиша за ваков период, никогаш не ја освоил оваа титула, а истото важи и за Арсенал.
„Една од причините што сакав тригодишен договор е да бидам дел од планот, не само да бидам играч што минува овде. Кога разговарав со менаџерот, тој ми рече дека му требаат три години. Прво сакаме да се вратиме во Лигата на шампионите и потоа го освоиме трофејот. Во Челзи бев седум години и освоив сè освен ЛШ, се надевам дека овој трансфер ќе ми донесе трофеј што ми недостасува, како и втора титула во Премиер лигата. Челзи мислеше дека доколку имам 32 години, тие не можат да ми понудат тригодишен договор. Мислам дека докажав дека мојата физичка состојба е добра како и секогаш, и јас го заслужувам овој договор. Френк Лампард сакаше да останам. Почнував во повеќе натпревари со него отколку што некогаш ми се случило во Челзи. Менаџерот покажа дека многу ми верува и мислам дека му го вратив тоа. Но, Арсенал ми го даде она што го сакав. Сега ќе им покажам дека донеле вистинска одлука. Мојата возраст не е многу важна. Ако се грижете за себе, живеете и тренираат правилно, модерните фудбалери можат да играат на највисоко ниво до 35 години“, рече Вилијан во интервју за весникот „The Sun“.