Напаѓачот на Челзи, Вилијан, најверојатно ќе потпише договор со друг клуб од главниот град на Англија – Арсенал, пренесува „Гардијан“.
Договорот на Вилијан со Челзи трае до 31 август. Менаџерот на „сините“, Френк Лампард, сака да го задржи 31-годишниот Бразилец, но играчот бара тригодишен договор, кој клубот не е подготвен да му го обезбеди.
Челзи очекува напаѓачот да ја продолжи кариерата во Арсенал. Претходно беше објавено дека за неговите услуги е заинтересиран и лондонски Тотенхем.
Вилијан има постигнато 11 голови и 9 асистенции на 47 настапи за Челзи во сите натпреварувања оваа сезона. Челзи и Арсенал ќе го играат финалето на ФА Купот на 1 август. Средбата ќе се одигра во Лондон на стадионот „Вембли“.