Бразилскиот фудбалер во редовите на Челзи, Вилијан, не е сигурен дека ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ бидејќи клубот му нуди нов договор за две години додека тој инсиситра соработката да биде продолжена за три сезони.
„Имаме тешка ситуација, не знам дали ќе останам. Сакам да работам и да се насочам само на настаните на теренот кога ќе продолжи сезоната“ – потенцира Вилијан кој има понуди од Арсенал и Тотенхем.
„Мислам дека ќе ми биде тешко да останам. Ќе видиме што ќе се случи“ – изјави 32-годишниот фудбалер на англискиот состав.