Поранешниот фудбалер на Челзи и на Арсенал, Вилијан, кој сега настапува во татковината за екипата на Коринтијанс, ќе добие понуда повторно да заигра во Премиер-лигата, најавија медиумите на Островот.
За неговиот потпис е заинтересиран составот на Фулам кој успеа да се врати во елитата на Англија. 33-годишниот Бразилец во договорот со сегашниот клуб има ослободителна клаузула во случај да добие понуда од Европа.
Вилијан помина девет години во Лондон носејќи ги дресовите на „сините“ и на „топчиите“.