Бразилецот, Вилијан, потпиша договор со Олимпијакос, објави прес-службата на тимот на својата страница на социјалната мрежа Х.
Тој во сезоната 2023/2024, имаше 37 настапи за Фулам во кои постигна пет голови и направи две асистенции.
Вилијан во поголемиот дел од кариерата играше за Челзи. Со лондонскиот клуб освои две титули во Премиер лигата, Лига Куп, ФА Куп и Лига Европа.

