Деталите за договорот меѓу 31-годишниот бразилски напаѓач Вилијан и лондонскиот Арсенал станаа познати, објавија дел од медиумите на Островот.
Според објавените информации, Вилијан, кој има статус на слободен играч по завршувањето на договорот со Челзи, ќе потпише договор со Арсенал до 2023 година, а неговата плата ќе изнесува 6 милиони евра годишно. Исто така, договорот ќе обезбеди разни дополнителни бонуси.
Вилијан ги бранеше боите на Челзи од 2013 година, а пред тоа играше за Анжи, Шахтјор и Коринтијанс. Тој беше дел од репрезентацијата на Бразил од 2011 година. Минатата сезона напаѓачот учествуваше на 36 натпревари од англиската Премиер лига, постигна 9 голови (4 од пенал), 7 асистенции и доби 4 жолти картони.