Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ќе добие ново име во средината на теренот откако медиумите објавија дека Бразилецот, Вилијан, ќе го напушти Челзи и ќе го облече дресот на „топчиите“.
Според наведеното, интернационалецот од Јужна Америка се согласил да потпише договор за три сезони откако добил уверување од шпанскиот тренер дека ќе има загарантирано место во првата постава.
Брзоногиот фудбалер во последната сезона во Премиер-лигата одигра 36 средби со ефект од 9 голови и 7 асистенции.