Ѕвездата на Челзи, Вилијан, е решен са остане на „Стемфорд Бриџ“ односно изјави дека не сака да го напушти клубот.
За него има сериозен интерес од Барселона и Манчестер Јунајтед. Бразилскиот репрезентативец се чувствува добро во Лондон и пристигнувањето на Маурицио Сари го променило неговиот став.
„Ми се допаѓа животот тука, моето семејство е среќно во Лондон, сакам да играм за Челзи, сè е неверојатно. Овде сум веќе пет години и се надевам дека ќе останам повеќе. Се е совршено. Моето семејство не сака да си оди. Маурицио Сари е многу важен не само за мене, туку и за целиот тим. Сега играме фудбал. Тој сака да се забавуваме на теренот. Играме вистинскиот фудбал и секој играч е среќен да игра за него”, изјави Вилијан.
Ова значи дека Челзи нема потреба да се грижи околу Вилијан и неговото евентуално заминување од нивните редови.
