Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Виљареал и Манчестер Јунајтед во трка по трофејот во Лига Европа
    Фудбал

    Виљареал и Манчестер Јунајтед во трка по трофејот во Лига Европа

    risteBy riste26/05/2021No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва ќе биде одиграно финалето во Лигата на Европа, точно во 21:00 часот екипите на Виљареал и Манчестер Јунајтед ќе ја стартуваат последната средба за оваа сезона и ќе ја водат решавачката битка за големиот трофеј. Секој од двата тима очајно го посакува овој трофеј, но само еден ќе се радува по мечот.

    Натпреварот ќе се игра на стадионот во Гдањск. Поради пандемијата Ковид-19, беше одлучено да се пополнат само 25% од капацитетот на стадионот, што значи дека натпреварот ќе го следат во живо околу 9.500 гледачи.

    Иако има големо искуство на европските терени, за Виљареал ова ќе биде прво учество во големото финале на некој од еврокуповите.

    Затоа сите фанови на тимот сонуваат да го направат последниот чекор и да го победат фаворитот Манчестер Јунајтед. „Жолтата подморница“ има доволно квалитетни играчи во својот состав и можеме да очекуваме дека ќе им создаде големи проблеми на „црвените ѓаволи“.

    Да не заборавиме дека шпанскиот тим е предводен од Унаи Емери. Искусен тренер кој знае како да победи во ова натпеварување. Тој успеа да го подигне трофејот трипати по ред со Севиља (2013/14, 2014/15 и 2015/16). Тој исто така има загубено финале со Арсенал во сезоната 2018/19.

    На другата страна е Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се освојувачи на ова натпреварување од сезоната 2016/17, а исто така се и трикратен освојувач на трофејот во Лигата на шампионите (КЕШ), и еднаш го освоија Купот на победниците на куповите. Значи, тимот е секако поискусен од двата финалисти и е фаворит за освојување на титулата.

    Оле Гунар Солскјер успеа да изгради прилично добар тим од преземањето на „црвените ѓаволи“ на крајот на 2018 година. Она што му недостасува, сепак е трофеј. Затоа, тој очајно се надева дека денес ќе биде денот кога тој ќе го води тимот до првиот голем трофеј, што ќе направи важен чекор напред во неговиот раст како тренер, и кон развојот на тимот.

    Куриозитет е фактот што двата тима досега одиграа четири натпревари, на кои немаат постигнато ниту еден гол. Сите четири пресметки се во групната фаза од Лигата на шампионите, а тоа беше во 2005 и 2008 година, од кои секоја заврши 0:0.

    Виљареал може да се пофали со третиот најсилен напад во Лига Европа со 27 постигнати голови, како и најдобрата одбрана, со 7 „суви“ мрежи за време на сезоната. За Манчестер Јунајтед, интересен факт кој може да биде многу корисен. „Црвените ѓаволи“ се симболичен гостин на овој натпревар, а како што знаеме, фудбалерите на Солскјер се посилни на своите гостувања оваа сезона, не дозволувајќи ниту еден пораз на гостински терен во Премиер лигата.

    Тренерот на Виљареал, Унаи Емери вечерва не може да ги користи трајно повредените Висенте Ибора и Самуел Чукуезе. Наместо тоа, ќе може да смета на Жуан Војт, како и Етиен Капу, кој ја издржа казната.

    Во Манчестер Јунајтед, големиот проблем е тоа што останаа без капитенот Хари Мегваер. Тој сè уште не е опоравен целосно од повредата на скочниот зглоб и најверојатно нема да влезе во игра, иако беше вклучен во групата за овој натпревар.

    Веројатни состави:
    Виљареал: Руи, Фојт, Албиол, Торес, Педреса, Пињо, Капу, Парехо, Тригерос, Морено, Бака
    Манчестер Јунајтед: Де Геа, Ван-Бисака, Баји, Линделоф, Шоу, Мектоминеј, Фред, Погба, Рашфорд, Фернандеш и Кавани.

    Стадион: Гдањск
    Судија: Клемент Турпен (Франција)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.