Фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер ќе го напушти клубот во наредните денови, соопшти „Мирор”.
26-годишниот играч беше информиран од новиот менаџер на „топџиите” дека не спаѓа во неговите планови за новата сезона и може да остане во тимот, единствено ако ја прифати улогата на цврста резерва.
До неодамна се сметаше дека Вилшер кој станува слободен агент, ќе потпише нов договор со клубот, но одлуката на Емери да не му даде доверба ќе го натера фудбалерот да го напушти „Емирати”.
Според „Мирор” тимовите на Вилверхемтон, Евертон и Вест Хем имаат интерес кон Вилшер, како и италијанските Сампдорија, Милан и Јувентус.