Винисиус ги постигна двата гола за Реал Мадрид во ремито 2:2 против Баерн Минхен во Минхен. Ова неше првата средба од полуфиналето во Лигата на шампионите, а реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ е за една недела.
„Сакавме да победиме, но така е на овој турнир. Не можете да направите голема предност бидејќи и двете екипи имаат одличен квалитет и можат да ги искористат шансите што ги имаат. Мора да се одмориме и да дадеме се од себе за да се квалификуваме. Крос секогаш прави работите да изгледаат лесни. Тој ми додаде за првиот гол, но среќен сум за нивото на тимот. Мора да се подобриме, но ако продолжиме вака, ќе успееме. Тренираме многу слични додавања како на Крос. Го познавам Тони добро и тој ме знае мене. Среќен сум што постигнав два гола. Време е да го однесеме Реал Мадрид таму каде што припаѓа, во финалето!“ – изјави Винисиус.