Ѕвездата на Реал Мадрид, крилниот напаѓач Винисиус Жуниор донесе одлука за својата иднина, ставајќи крај на потенцијалниот трансфер во Лигата на Саудиска Арабија.
„Сега сум многу мирен, имам договор со Реал Мадрид до јуни 2027 година и едвај чекам да биде обновен. Реал е најдоброто место за мене. Играм со најдобрите луѓе. Многу сум среќен“, рекол Винисиус во изјава за инсајдерот Фабрицио Романо на неговите социјални мрежи.
Бразилскиот фудбалер настапува за Реал Мадрид од летото 2018 година. На 300 натпревари во сите натпреварувања, 24-годишниот Винисиус има постигнато 102 гола и 76 асистенции. Со Реал Мадрид, напаѓачот двапати ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА, три пати стана шампион на Шпанија и исто толку пати го освои шпанскиот Суперкуп

