Винисиус Жуниор и Реал Мадрид се договориле за продолжување на договорот.
Новиот договор на напаѓачот со мадридскиот клуб ќе важи до 2026 година. Страните ги договориле сите услови за соработката, а продолжувањето на договорот официјално ќе биде објавен во јули.
Според некои информации, платата на Бразилецот ќе порасне од 3,2 милиони евра годишно на 10 милиони. Во новиот договор ќе има и клаузула за предвремен раскин во вредност од 1 милијарда евра.