Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Винисиус Жуниор  стана најскапиот играч во шпанската Ла Лига
    Фудбал

    Винисиус Жуниор  стана најскапиот играч во шпанската Ла Лига

    risteBy riste14/06/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид – Винисиус Жуниор, е на врвот на десетте најскапи играчи во Ла Лига, според податоците на веб-страницата Трансфермаркт. Вредноста на 22-годишниот напаѓач веќе изнесува 150 милиони евра. Цената на играчот се зголеми за 30 милиони евра во текот на сезоната, што го направи најскапиот играч во шпанското првенство.

    Следни во рангирањето се играчите на Реал Мадрид, Родриго и Федерико Валверде, кои се проценети на 100 милиони евра. Иста е вредноста на Шпанецот Педри, кој настапува за вечниот ривал Барселона.

    Веднаш по него е уште еден играч на Барса, а тоа е Гави чија трансфер сума е 90 милиони евра. Шести и седми се играчите на Реал Мадрид – Едуардо Камавинга и Аурелиен Чуамени кои се проценети на 85 милиони евра.

    На осмата позиција е Френки де Јонг од Барселона, кој во моментов би можел да биде продаден за 75 милиони евра. Десетте најплатени играчи во Ла Лига повторно ги комплетираат играчи на Каталонците и на „кралевите“, како Едер Милитао од „кралевите“ и Роналд Араухо од Барселона чија цена моментално е 70 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.