Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор проговори за можноста да потпише нов договор со мадридскиот клуб.
„Многу сум мирен и сакам да останам. Не ме интересира колку ќе се смени новиот договор и колку ќе бидам платен. Најважно за мене е да играм во најдобриот клуб во светот и да се забавувам со него“, изјави Винисиус Жуниор. Бразилецот за мадридскиот клуб настапува од 2018 година. Вкупно за тимот одигра 132 натпревари, на кои постигна 23 гола и даде 28 асистенции.
Оваа сезона напаѓачот настапи на 11 натпревари во шпанското првенство, постигна 7 гола и 3 асистенции. Да потсетиме, Винисиус се пресели во Реал Мадрид од Фламенго за 35 милиони евра. Договорот на играчот со клубот е со важност до јуни 2025 година.

