Луис Диаз кој од пред неколку дена официјално е член на актулениот германски шампион Баерн Минхен кој за него издвои преку 70 милиони евра за да го доведе од Ливерпул.
Колумбиецот беше доста интересен и за Барселона, меѓутоа шпанскиот клуб не беше подготвен да се наддава со Баер и кога стана јасно дека едноставно е тешко да се дојде до неговиот потпис се насочи кон Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, операција која успешно ја комплетираше.
Ова за Диаз ќе биде ново искуство во кариерата, предизвикот кој го прифатил откако имал и консултација со Флоријан Вирц со кого беше соиграч во Ливерпул. Вирц добро го познава германскиот фудбал и Луис добро се распрашал, добил препорака и дал зелено светло да се реализира зделката.
-Знам каков фудбал се игра овдe. Флоријан ми рече дека Бундеслигата има висок интензитет, споредлив со Премиер лигата. Стадионите се секогаш полни. Флоријан ми посака многу среќа, -истакна новото име во таборот на „баварците“.

