Арсенал нема да може да го привлече крилниот играч Вилфред Заха поради неговата висока цена, велат медиумите во Англија
Кристал Палас бараат за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска 80 милиони фунти, но „топџиите” се подготвени да платат само половина од оваа сума, за да го привлечат во своите редови.
Интерес кон Африканец не недостасува и тој е силно е посакуван и од Манчестер Јунајтед, каде играше без особен успех пред неколку години и на крајот беше продаден од раководството на клубот.
Заха имаше многу добра сезона со својот клуб и успеа да постигне 10 погодоци во Премиер лигата за време на оваа сезона.