На 77. Конгрес на Европската џудо унија (EJU), одржан во Лас Палмас, македонската џудо федерацијата оствари историски успех добивајќи две високи европски признанија.

Европската џудо унија на претседателот на нашата федерација, Владимир Трпаноски, му го додели престижното признание – „Hero of the Year“ и највисокото признание – „Best European Organiser of 2025“, како потврда за успешното институционално водење и организациски капацитети на македонското џудо.

Со тие призанија се потврдуваат врвните организациски стандарди, институционалниот кредибилитет и угледот на македонското џудо на меѓународната спортска сцена.


