Генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис и неговиот колега од секторот задолжен за националните федерации, Михал Конечни, денеска остварија работна посета во канцелариите на Кошаркарската Федерација.

Заглис повторно се сретна со Претседателот, Перо Антиќ, Генералниот Секретар Владимир Георгиевски и со Спортскиот Директор, Марјан Србиноски. Генералниот секретар на ФИБА ја поздрави успешната организација на КФСМ на двете најголеми континентални младински првенства за ова лето.
Се разговараше и за претстојните настани на националните А-селекции како и за новите проекти на КФСМ.

Воедно гостите од ФИБА имаа можност да ја посетат и салата во СЦ „Кале“ која е база на нашите кошаркарски репрезентации, а исто така и место каде се организираат многу турнири од Европски првенства во младинска конкуренција под капата на ФИБА.

