Медиумите во Англија напишаа дека Манчестер Јунајтед во текот на летово не добил ниту една понуда за Пол Погба иако тренерот, Оле Гунер Солскјер, бил расположен да се раздели со Французинот.
Според информациите, неколку екипи се обиделе да направат контакт за евентуален ангажман на репрезентативецот на „триколорите“, но, вистинска понуда никогаш не пристигнала.
Тоа само потврдува дека претходните најави за евентуален трансфер на Погба во Шпанија во Реал Мадрид биле чиста шпекулација и дека „кралевите“ никогаш не испратиле конкретна понуда.