Картистот на Макпетрол Витомир Трајковски освои сребрен медал на Европското карате-првенство што од 9 до 11 февруари се одржа во Тбилиси, Грузија.
Трајковски беше единствениот член на македонската репрезентација што на шампионатот успеа да стигне до медал. На овој голем настан настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.
Трајковски, кој се натпреваруваше во возрасната категорија У-21, се пласира во финалето во тежинската категорија до 84 килограми. Тој освои сребрен медал по нерешениот резултат од 3-3 во финалната борба. Ерменецот Гор Нерсисјан победи со прв земен поен во натпреварот.
Витомир Трајковски претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството. Тој ги оствари следните резултати против: Давиде Лучијани (Италија) 3-2, Мелос Гаши (Албанија) 1-0, Никита Сахвон (неутрален) 6-1. Членот на карате клубот Макпетрол во полуфиналето беше подобар од Салих Халиловиќ (БиХ) со 2-1.