Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Аксел Витсел, имал непријатна случка во неговиот дом кога паднал и го повредил лицето по што морал веднаш да замине и на хируршка интервенција, објавија медиумите во Германија. Тоа го потврди и тренерот на тимот, Лусијан Фавре.
„Не можевме да разговараме со него бидејќи беше на интензивна нега во болница. Тој нема да игра до крајот на годината. Навистина голема штета за него и за нас“- изјави тренерот на „милионерите“.
Интернационалецот од Белгија во 2018 година го напушти кинескиот состав Тијанџи и потпиша за бундес-тимот. Тој во тековнава сезона одигра 21 меч со ефект од три гола и исто толку асистенции.

