Фудбалерот од средниот ред на кинексиот клуб Тианжин Аксел Витсел планира да го напушти овој клуб, тврди германскиот весник „Билд“.
Белгискиот репрезентативец го привлече вниманието на европските клубови благодарение на неговиот настап на Светското првенство.
Според „Билд“, 29-годишниот играч од средниот ред размислува на две опции за продолжување на кариерата. Едната е Борусија Дортмунд, а втората е Пари Сен Жермен.
Приоритет за поранешниот играч на Зенит е трансфер во клубот од Бундеслигата. Опцијата со ПСЖ засега е резервна, бидејќи францускиот клуб се уште се обидува да го купи Н’Голо Канте од Челзи.
Витсел премина во Тианжин во 2017 година. Договорот со кинескиот клуб му е до крајот на 2019 година. Според моменталната состоба трансферната цена на фудбалерот е 18 милиони евра.