Белгискиот фудбалер Аксел Витсел се приклучи на останатиот дел од екипата на Борусија Дортмунд откако вчера пристигна во кампот на германскиот гигант во Бад Рагац (Швајцарија), каде во моментов „жолто-црните” ги реализираат подготовките за новата сезона.
29-годишниот фудбалер се приклучи на составот на Борусија од кинескиот Тјанжин. „Милионерите“ ќе платат на Кинезите 20 милиони евра за фудбалерот кој ќе потпише 4-годишен договор со германскиот клуб.
Според неофицијални информации, годишната плата на Витсел во неговиот нов тим ќе биде 10 милиони евра. Витсел е играч кој потекнува од Стандард Лиеж, а во својата кариера има играно уште за Бенфика и Зенит (Санкт Петербург). Играчот од средниот ред има 96 натпревари и девет постигнати гола за репрезентацијата на Белгија.